Амбасадорката на Израел по нападот во Белград: „Шокирани сме, ова е закана за сите нас“
Амбасадорката на Израел во Србија, Авивит Бар-Илан, изјави дека дипломатското претставништво е длабоко вознемирено по терористичкиот напад што се случи пред амбасадата во Белград и побара темелна истрага за утврдување на одговорните.
„Го осудуваме овој терористички напад. Ова е закана за сите нас, како и директна закана за мирот и безбедноста“, изјави Бар-Илан.
Таа соопшти дека разговарала со министерот за внатрешни работи на Србија во технички мандат, Ивица Дачиќ, кој ја уверил дека случајот ќе биде целосно истражен. Амбасадорката посочи дека ова е втор напад врз израелската амбасада во Белград во последните две години и побара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.
Бар-Илан упати благодарност до припадниците на српската Жандармерија, особено до полицаецот кој реагирал при нападот, оценувајќи дека неговата храброст и одлучност спречиле потешки последици. Таа му посака брзо закрепнување и изрази благодарност до него и неговото семејство.
жАмбасадорката потврди дека сите вработени во дипломатското претставништво се безбедни и им се заблагодари на сите што испратиле пораки на поддршка и солидарност.
Според соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград, по извршениот увид било утврдено дека малолетно лице, за кое постои сомнение дека е од Шабац, со два ножа го нападнало припадникот на Жандармеријата кој го обезбедувал објектот пред израелската амбасада. Напаѓачот, наводно, извикувал „Алаху екбер“.
Припадникот на Жандармеријата пукал во самоодбрана и го усмртил напаѓачот, а притоа се здобил со полесни повреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на Израел по нападот во Белград:…
Амбасадорката на Израел во Србија, Авивит Бар-Илан,…
Мицкоски: Очекувам добри односи со Србија и…
Премиерот Христијан Мицкоски вели оти очекува добрите…
Ковеси: Европското обвинителство ќе биде „тивко уништено…
Буџетски ограничувања и бирократска инерција ја загрозуваат…
(Фото) Апасиев во Москва се сретна со…
Делегација на Левица, предводена од лидерот на…
Путин: Илон Маск е вистински гениј!
Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Илон…