Амбасадор на САД во Косово: Нападот беше координиран, планот беше да се дестабилизира регионот
САД оценија дека нападот на српските напаѓачи во северно Косово во текот на викендот, во кој загинаа еден полицаец и четворица вооружени лица, имал за цел да го дестабилизира регионот.
САД предупредуваат на потенцијална натамошна ескалација меѓу двете соседни земји.
– Знаеме дека беше координирано и софистицирано. Количината на оружје сугерира дека ова е сериозно, со план за дестабилизација на безбедноста во регионот, изјави за „Политико“ американскиот амбасадор во Косово Џефри М. Ховениер, додавајќи дека се чини дека вооружените лица имале воена обука.
Ховениер рече дека САД допрва треба да утврдат дали Србија е одговорна за заседата, како што тврди Косово, но рече дека опремата, која ја запленија властите, вклучително и ракетни фрлачи, мини и оклопен транспортер, е со „воен квалитет што не е достапна за просечниот граѓанин“.
Тој рече дека САД немаат причина да се сомневаат дека оружјето и другата опрема што ги презентираше косовската полиција на прес-конференцијата во понеделникот не се истите што беа пронајдени на местото на настанот.
– Луѓето кои ги сметаме за најодговорни се луѓето кои пукаа во косовскиот полицаец, прецизира Ховениер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…