Објавено на:

Американец го тужеше БМВ и доби оштета од два милиони долари!

t

Гудвин Боатенг, софтверски инженер од Њујорк, го тужеше Бе-Ем-Ве, тврдејќи дека автомобилот му го отсекол врвот на палецот. Несреќата се случила поради автоматско затворање на вратата на која има вграден електромотор.

Во летото 2016 година, Боатенг ја потпрел десната рака на работ од малку отворената возачка врата. Вратата потоа се затворила, а палецот останал заглавен.

Докторите не успеале да го поправат отсечениот дел од прстот. Боатенг го тужеше БМВ за 3 милиони долари, тврдејќи дека повредата ќе го чини 250.000 долари годишно како слободен софтверски инженер.

Експертите од БМВ го прегледале X5 на Боатенг и заклучиле дека нема проблеми со затворањето на вратата и дека прирачникот на сопственикот содржи предупредувања за вратите, пренесува Hack.

Случајот отиде на судење, а претходно овој месец поротата му додели на Боатенг 1,9 милиони долари отштета. Бе-Ем-Ве не беше прогласен за виновен за неисправната врата, но жирито сепак најде дека е 100 отсто виновен за повредата на палецот на Боатенг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велосипедист завршил со тешки повреди по судир…

Велосипедист е тешко повреден откако се судрил…

Профитот на БМВ падна за повеќе од…

Кризата на кинескиот автомобилски пазар остава сериозни…

БМВ ќе укине 8.000 работни места во…

Новиот извршен директор на БМВ, Милан Неделковиќ,…

БМВ предупредува на „значаен“ пад на профитот,…

Производителот на автомобили BMW AG со седиште…

Флорида го тужи ChatGPT: Обвинет е за…

Сојузната држава Флорида стана првата американска држава…