Американец освои џекпот од 112 милиони долари
На американската лотарија „Мега Милионс“ среќен добитник од североисточниот дел на Охајо освоил џекпот во износ од 112 милиони долари. Ова е првиот добитник под новите правила на играта. Лотаријата во САД е мулти-милионска индустрија, а половина од Американците учествуваат на државните грепки или игри на среќа.
Шансите да се добие џекпот се екстремно ниски. На пример шансата да се победи на „Пауербол“ се една на 292 милиони. Шансата да се добие „Мега Милионс“ е една во 209 милиони, според сајтот на американската лотарија. Двете игри нудат подобри шанси за добивка на помали износи.
Според новите правила кои што стапија на сила во април, играчите одбираат 5 броеви од 1 до 70 и „мега број“ од 1 до 24, за шанса да го добијат „Мега Милионс“ џекпотот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…