Објавено на:

Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ помагал на жена му да го отруе

t

Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи технолошката компанија „Опен АИ“, креатор на популарниот четбот Чет-ГПТ, тврдејќи дека вештачката интелигенција ѝ помогнала на жена му да го испланира неговото убиство. Тој го преживеал обидот за труење, а сега бара одговорност од технолошката компанија и нејзиниот директор Сем Алтман, пишува „Унилад“.
Сопругата на Џејмс, Шерил Гејтс, која е училиштен терапевт, според наведеното во тужбата, ставала лекови на рецепт и отровни растенија во неговите сокови и енергетски пијалаци. Таа претходно се консултирала со Чет-ГПТ за тоа каква комбинација на лекови да употреби за да бидат смртоносни или исклучително штетни. Кривичната постапка против неа беше отфрлена во април 2026 година поради недостаток на докази, објави „Лос Анџелес тајмс“.

Во тужбата, поднесена во Вишиот суд на округот Сан Франциско, се вели дека Шерил го користела четботот за да разговара опширно за брачните фрустрации, а тие разговори на крајот се претвориле во „конкретно планирање“ за убиството. А идејата за користење на четботот ѝ ја дал токму сопругот во 2025 години, но за друга намена – за побрзо да пишува извештаи за нејзината работа како педијатриски ерготерапевт. До јули, таа го користела четботот речиси секој ден, не само за деловни задачи туку и за прашања за лекови, совети и разговори за брачни проблеми што произлегувале од финансиски тешкотии. Во тужбата се тврди дека вештачката интелигенција „ги потврдила и ги зајакнала“ нејзините мисли за бракот.

– Четботот ги потврдувал нејзините најлоши неосновани стравови, измислувал нови причини да се плаши од сопругот, ѝ обезбедувал бесконечен простор да ги потврди сопствените мисли и обезбедувал оперативни детали за обидот за убиство: состојки, дози приспособени на тежината на нејзиниот сопруг, методи на администрација и упатства како да го прикрие тоа, се наведува во тужбата.

Џејмс Гејтс го преживеа обидот за труење во јули 2025 година, но вели дека му биле потребни месеци за да го забележи проблематичното однесување на неговата сопруга. Тогаш првпат забележал дека неговите пијалаци имаат горчлив вкус, а на 10 јули, неговата состојба одеднаш се влошила. Почувствувал проблеми со срцето, болки во стомакот, силна нервоза, слабост и конфузија. На крајот, открил вознемирувачки записи од разговорите на неговата сопруга со Чет-ГПТ. За време на претресот на домот, полицијата пронашла капалки, шприцови, вага и ракавици, а историјата на купувања на „Амазон“ покажала дека нарачала шприцови.

– Мојата сопруга не се вклопуваше во профилот на ранлив корисник, но сепак беше ранлива. Сите ние сме во одреден момент. Таа стана некој што веќе не го препознавав. А јас станав некој што таа сакаше да биде мртов. Речиси една година не можев да ги разберам нејзините постапки, рече Гејтс во изјава објавена од неговите адвокати.
Додал дека ги прочитал нејзините записи од разговорите и сфатил дека таа не дејствувала сама. Тужената компанија „Опен АИ“ рече дека безбедноста е нивниот врвен приоритет.

– Му одбивме пристап на овој корисник и доставивме информации до полицијата како дел од нивната истрага за овој случај, изјави портпаролот на компанијата за неколку медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…

Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…

Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…

Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…