Американската амбасада во земјава: Македонија и Бугарија да си ги решат проблемите

t

Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро, изјавија за МИА денеска од Амбасадата на САД во Скопје.

Изјавата беше дадена на прашање од МИА, како САД реагираат на постапката на бугарската влада со отворање во Битола на културен центар со назив „Ванчо Михајлов“, контраверзна личност во земјава пред сѐ затоа што соработувал со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна.

Во врска со ова САД повикаа на брзо решавање на билатералниот спор меѓу двете земји.

– Продолжуваме со повикот до Бугарија и Северна Македонија да го решат овој билатерален спор, се вели во одговорот од Амбасадата.

На прашањето што прави официјален Вашингтон за да се убеди Софија да ја подигне блокадата за интеграција на земјава во ЕУ, од Амбасадата рекоа дека Северна Македонија и Албанија ги задоволуваат условите за почеток на преговорите. И од Стејт департментот вчера укажаа дека САД даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: БУГАРИЈА ГИ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО ЕВРОПСКИТЕ…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека европските перспективи…

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

Јотова победи кај Бугарите во Македонија

Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…