Американската амбасада во Приштина: Да бидеме јасни, независноста на Косово е факт!
Американската амбасада во Приштина соопшти дека целта на САД е да го поддржат Косово да стане дел од европските и евроатлантските структури, нагласувајќи дека „независноста на Косово е факт“.
Ваквата реакција на Твитер уследи по веста дека некој на оваа социјална мрежа наводно „лајкувал“ објава на еден српски медиум од профилот на американската амбасада. Во таа објава се вели за непризнавањето на независноста на Косово, за кое вчера зборуваше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Официјалниот Твитер профил на американската амбасада намерно не „лајкувал“ ниту еден твит во последните 24 часа. Како што рековме претходно, кога сакаме да артикулираме став, тоа го правиме преку официјални канали, изјави, а не „лајкови“ на социјалните мрежи“, се наведува во образложението.
Амбасадата додаде дека категорично се противи на „секој обид да се доведе во прашање независноста и суверенитетот на Косово“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…
Во време кога војната со Иран почнува…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…