Американската влада одобри нова продажба на оружје на Тајван во вредност од 360 милиони долари
Продажбата вклучува стотици вооружени дронови, ракетна опрема и сродни материјали за поддршка, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Одлуката на САД да му продаде повеќе оружје на Тајван не е неочекувана, но е донесена во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Пекинг, јавија американските медиуми.
Продажбата вклучува 291 систем ALTIUS-600M, беспилотни летала со боеви глави како и 720 беспилотни летала Switchblade.
Продажбата „им служи на американските национални, економски и безбедносни интереси со поддршка на тековните напори на примателот да ги модернизира своите вооружени сили и да одржи кредибилен одбранбен капацитет“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Тоа „ќе помогне да се подобри безбедноста на примателот и да помогне во одржувањето на политичката стабилност, воената рамнотежа и економскиот напредок во регионот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прегазен пешак во Гостивар
МВР информира дека вчера попладне околу 15.15…
Цените на нафтата растат поради прекинот на…
Цените на нафтата денес малку пораснаа откако…
СДСМ предлага 12 закони од изборните ветувања…
Пратениците од СДСМ и коалицијата, денеска поднеле…
Европската Унија ќе ја затвори канцеларијата на…
Брисел барал од МОН И Националната агенција…
Пожар избувнал во штала во Прилепско
Вчера во 21.27 часот во Полициското одделение…