АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ЕВРОПА!? Потпреседателот Венс во Минхен ќе соопшти важна одлука
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс би можел да најави големо повлекување на американската војска од Европа на безбедносната конференција во Минхен.
Ова денеска го изјави претседавачот на Минхенската безбедносна конференција Кристоф Хојсген.
Според Билд, американскиот потпретседател би можел да ја искористи Минхенската безбедносна конференција за да објави значително намалување на американското воено присуство во Европа.
Вашингтон очекува Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана.
Кандидатот на германската опозиција за канцелар од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, исто така предвидува дека говорот на Венс на конференцијата ќе биде „конфронтациски, со исклучително остри пораки за Европа и Германија“.
За време на предизборната кампања во САД, Трамп постојано го доведуваше во прашање степенот на посветеноста на неговата земја кон НАТО и навести дека ќе очекува значителни промени во однесувањето на меѓународните партнери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…