Американската министерка за финансии стана хит: Проба јадење со халуциногени печурки во Кина

t

Американската министерка за финансии Џенет Јелен предизвика голема врева кога за време на нејзината посета на Кина проба локален специјалитет со „халуциногени печурки“ во еден од рестораните во Пекинг.

За нејзиното необично искуство со печурките, министерката рече: „Не знаев дека печурките имаат халуциногени својства. Тоа го дознав дури подоцна. Отидов на вечера со група луѓе, па храната не ја нарачав сам“.

Изјавата на министерот предизвика бура на социјалните мрежи, а ресторанот во кој министерката за финансии јадеше јадење со печурки го зголеми прометот.

Синџирот ресторани за неколку часа ја распродаде целата количина од тој вид јадење. Сопственикот на ресторанот „Ин и аут“ каде вечерала министерката истакна дека по нејзината посета ќе му бидат потребни вработени кои ќе подготвуваат само ваков вид печурки.

Локалниот специјалитет, инаку, е направен од еден вид печурка позната како Ланмаоа чии делови ја менуваат бојата во сина кога ќе се каснат или исечат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јелен: САД ќе бидат одговорни за поразот…

Киев троши повеќе отколку што добива и…