Објавено на:

Американска банка ги отпуштила вработените затоа што лажирале дека работат нешто на компјутер

t

Американксата банка „Велс Фарго“ изврши серија отпуштања во последните недели по наводите дека некои од нејзините вработени лажирале работа на тастатурата за да ја измамат фирмата да мисли дека работат.

Третата по големина американска банка ги обелодени одлуките во брокерските поднесоци до Регулаторното тело за финансиска индустрија (Финра). Компанијата не одговори на прашањата за тоа како е откриен наводниот проблем, ниту дали е поврзан со работење од дома.

Во САД, овој месец стапија на сила новите правила кои бараат канцелариите што брокерите ги користат за да работат од дома да се проверуваат на секои три години.

„Велс Фарго“ ги држи своите вработени според највисоките стандарди и не толерира неетичко однесување“, вели портпаролката Лори Кајт во соопштението.

Некои големи компании користат сè пософистицирани алатки за следење на вработените бидејќи далечинското работење се прошири за време на пандемијата на Ковид. Таквите услуги можат да ги следат притискањата на копчињата и движењата на очите, да прават слики од екранот и да снимаат кои веб-локации се посетени.

Сепак, технологијата исто така еволуираше за да го избегне надзорот, вклучително и таканаречените „глувци“ дизајнирани да направат компјутерите да изгледаат како активно да се користат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Шерифовиќ проговори за таткото на нејзиниот…

Марија Шерифовиќ ги изненади сите кога стана…

Принцезата Ана останува во болница: Од ударот…

Иако според бројот на кралски ангажмани таа…

СОПСТВЕНИКОТ НA СТРЕЛИШТЕТО ПРИЗНА ДЕКА ДАЛ ЛАЖНА…

Обвинетиот признал дека сторил кривично дело давање…

Дневен хороскоп: Еден знак ќе се најде…

Овен Вашата деловна страна овојпат може да…

(ВИДЕО) Хаос во Кенија, луѓе упаднаа во…

Кенијците протестираат против зголемувањето на даноците, а…