Принцезата Ана останува во болница: Од ударот го загубила помнењето
Иако според бројот на кралски ангажмани таа е најзафатениот член на кралското семејство, принцезата Ана исто така е принудена да забави и да се посвети на закрепнувањето. Имено, вчера 73-годишната принцеза доживеала полесна несреќа која завршила во болница.
„Принцезата Ројал претрпе полесни повреди и потрес на мозокот по инцидентот во Gatcombe Park Estate вчера вечерта. Нејзиното кралско височество останува во болницата Саутмед во Бристол како мерка на претпазливост за набљудување и се очекува целосно и брзо закрепнување“, објави вчера Бакингемската палата, а до денес се познати повеќе детали за состојбата на најпрометниот член на кралското семејство.
Во моментот на несреќата, принцезата Ана била на својот имот во Гаткомб Парк во Глостершир, а странските медиуми пишуваат дека доживеала удар во главата, наводно од главата или ногата на коњ.
Во несреќата сестрата на кралот Чарлс се здобила со потрес на мозокот, како и други полесни повреди.
По немилата ситуација била пренесена во болницата Саутмед во Бристол, а при пристигнувањето била будна и свесна, но од ударот во главата не се сеќава што точно се случило. Засега е познато само дека во моментот на несреќата во близина имало коњи, а, според нејзиниот лекарски тим, повредите може да се од судир со животно.
На имотот Геткомб Парк веднаш и била укажана итна медицинска помош, а во моментот на несреќата на имотот биле и нејзините деца Зара Тиндал и Питер Филипс, како и сопругот Тимоти Лоренс кој ја придружувал до болницата.
Иако се очекува таа да биде пуштена од болница веќе оваа недела, нејзиното претстојно патување во Канада е откажано со цел таа целосно да закрепне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…