Американска држава ја забрани Библијата во основните и средни училишта, содржела вулгарност и насилство
Училишен округ во американската држава Јута ја отстрани Библијата од основните и средните училишта затоа што содржи „вулгарност и насилство“, пренесува „Би-Би-Си”.
Овој потег уследи по поплаката од родител дека Библијата на кралот Џејмс има материјал несоодветен за деца.
Републиканската влада на Јута донесе закон во 2022 година со кој се забрануваат „порнографски или непристојни“ книги во училиштата.
Повеќето од книгите кои досега беа забранети се однесуваат на теми како што се сексуалната ориентација и идентитетот.
Забранувањето на Библијата доаѓа во време на поголеми напори на американските конзервативци во државите да ги забранат учењата за контроверзни теми како што се ЛГБТИ+ правата и расниот идентитет. Забрани за одредени книги кои се сметаат за навредливи се во сила и во Тексас, Флорида, Мисури и Јужна Каролина. Некои либерални држави, исто така, забранија книги во некои училишта и библиотеки, повикувајќи се на расна навредлива содржина.
Одлуката во Јута беше донесена оваа недела од страна на училишниот округ Дејвис северно од Солт Лејк Сити по жалбата поднесена во декември 2022 година. Официјалните лица велат дека веќе ги отстраниле седумте или осумте копии од Библијата што ги имале на нивните полици, истакнувајќи дека текстот никогаш не бил дел од наставната програма на учениците.
Комитетот не го образложи својот потег или кои делови содржат „вулгарност или насилство“.
Според весникот Солт Лејк Трибјун, родителот кој се пожалил рекол дека Библијата на кралот Џејмс „нема сериозни вредности за малолетниците“ бидејќи е порнографска според нашата нова дефиниција“, повикувајќи се на законот за забрана на книги од 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…