Американска конгресменка: ХАМАС можеби добиле американско оружје преку Украина?!
Палестинското движење ХАМАС можеби добило американско оружје од Украина за да го нападне Израел, напиша на Твитер американската политичарка Марџори Тејлор Грин.
„Треба да работиме со Израел за да ги следиме сериските броеви на секое американско оружје што го користи Хамас против Израел. Го увезоа од Авганистан? Пристигна од Украина? И двете се многу веројатни“, смета конгресменката.
Во саботата наутро Израел беше цел на невиден ракетен напад од правец на Појасот Газа. Беа истрелани повеќе од 3.000 проектили. Борците на Хамас навлегоа во пограничните области на југот на републиката по масовните ракетни напади.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето обраќање до нацијата објави дека земјата е во воена состојба. Тој нареди масовна мобилизација на резервисти.
Русија ги повика двете страни да го прекинат огнот и да се вратат на преговарачката маса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…
Иран: Трамп лаже, штетата врз нашиот главен…
Иран тврди дека нападот на американските сили…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…