Американска проценка: Колку Руси загинале досега во војната?
Белата куќа синоќа објави разузнавачки информации за тоа дека руските загуби во борбите за Бахмут во изминатите пет месеци достигнале отприлика 100,000 убиени и ранети.
Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за наципнална безбедност при Белата куќа соопшти дека бројката, базирана на проценки од американското разузнавање, вклучува повеќе од 20,000 загинати, половина од нив од приватната воена компанија „Вагнер“, која регрутираше затвореници по руските затвори.
-Пропаднаа обидите на Русија да изврши офанзива во Донбас, пред сѐ преку Бахмут. Русија не може да окупира реална и стратешки суштествена територија, рече Кирби.
Според него, руската војска можеби постигнала одреден успех во Бахмут, но тоа е постигнато по „ужасна, ужасна цена“ и украинската одбрана во регионот останува силна.
-Русија ги истошти своите воени резерви и вооружени сили, и тоа уште од декември, според нашите процени, Русија понесе над стоилјадни загуби, вклучувајќи повеќе од 20.000 убиени во бој, од кои речиси половина се војници-вагнеровци, изјави Кирби.
-Овие бројки едноставно се запрепастувачки, истакна тој, додавајќи дека руските загуби во Бахмут се трипати повеќе од американските загуби во битката за Гуадалканал за време на Втората светска војна.
Кирби рече дека наскоро ќе биде објавено за уште еден пакет американско оружје за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…