Објавено на:

Американскиот амбасадор во Косово препорачува градоначалниците во спорните општини да не одат на работа

t

Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, по средбата на претставниците на Квинте со премиерот Курти изјави дека земјите од Квинте веруваат дека најдобро би било новоизбраните градоначалници на општините на север да не работат од општинските згради на краток рок, пренесува „Репортери“.

„Се договоривме дека ситуацијата треба да се деескалира, но не знам дали можам да кажам дека има договор како ќе се случи таа деескалација. САД веруваат, а јас зборувам за моите колеги, дека тоа не е неопходно избраните претседатели на општините на север да одат на работа. Всушност, на краток рок препорачуваме тоа да не се случи“, рече Ховенијер.

Според него, препораката на САД е градоначалниците да не работат од општински згради, туку од други згради, пренесува Косово онлајн.

„Како што владата им дозволи да полагаат заклетва во други згради, за да се избегнат конфликти, ние исто така мислиме дека тоа е вистинскиот начин да се направи тоа“, додаде Ховенијер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…