Објавено на:

Американскиот амбасадор во Србија вели дека не може страните во дијалогот да кажуваат „јас сакам сѐ”

t

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека е потребен процес на дијалог меѓу Белград и Приштина насочен кон политичко решение, како и дека мора да се почитува мислењето на двете страни.

– Мислам дека најдоброто нешто што можеме да направиме е да го поддржиме процесот на господинот Лајчак и да се обидеме да обезбедиме конечниот исход да биде успешен – рече Хил во интервју за Радио Слободна Европа.

Според него, треба да има процес на „давање и земање“, додавајќи дека тоа се обидува да го направи специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

– Никој не може да излезе од овој процес на дијалог и да каже – Јас сакам се, а другата страна ја терам да се согласи на се. Мислам дека луѓето треба да размислуваат и за тоа дека Косово и Србија ќе постојат уште долго – рече Хил.

Зборувајќи за дијалогот во Брисел, на кој на одвоени средби присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, Хил рече дека не очекува „целосен успех“, туку напор за двете страни да се вратат „на она што се суштинските елементи на дијалогот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

(Видео)Невреме со град го столчи тутунот во…

Силно невреме со град поголем од лешник…

Холандија се откажува од Евровизија

Холандија нема да учествува на Евровизија следната…