Американскиот амбасадор во Србија ги прекори Србите: Постојано се споменува бомбардирањето во 1999 година, мора да гледате напред

t

Кога дојдов овде минатиот март, бев изненаден што сè уште секој ден имаше по некој потсетник за 1999 година… Мора да гледате напред, изјави американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил. Во интервју за „Неделник“, Хил зборуваше за младоста која ја поминал во Белград, но ги сподели и впечатоците од Србија откако се врати како американски амбасадор.

За мене најголемото разочарување беше тоа што мислев дека работите за кои мислев дека се решени одамна, сè уште се свежи во главите на луѓето. Бев изненаден, кога дојдов овде минатиот март, што секој ден имаше по некој потсетник за 1999 година. На државите, исто како и на луѓето, им е потребна издржливост, но и да завршат со некои работи за да можат да продолжат понатаму, вели Хил.

Тој ја спореди оваа ситуација со пријателска расправија.

Тоа е како кога разговарате со пријател, но тој постојано се навраќа на некоја расправија што се случила одамна. Така е и во животот на државата. Мора да гледате напред, но во исто време е непристојно да му го кажувате тоа на вашиот пријател и на луѓето. Не сум тука да велам: „Заборавете на тоа“. Ако не е заборавено, тогаш веројатно има причина, сликовито опиша американскиот дипломат во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…