Американскиот амбасадор во Србија ги прекори Србите: Постојано се споменува бомбардирањето во 1999 година, мора да гледате напред
Кога дојдов овде минатиот март, бев изненаден што сè уште секој ден имаше по некој потсетник за 1999 година… Мора да гледате напред, изјави американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил. Во интервју за „Неделник“, Хил зборуваше за младоста која ја поминал во Белград, но ги сподели и впечатоците од Србија откако се врати како американски амбасадор.
За мене најголемото разочарување беше тоа што мислев дека работите за кои мислев дека се решени одамна, сè уште се свежи во главите на луѓето. Бев изненаден, кога дојдов овде минатиот март, што секој ден имаше по некој потсетник за 1999 година. На државите, исто како и на луѓето, им е потребна издржливост, но и да завршат со некои работи за да можат да продолжат понатаму, вели Хил.
Тој ја спореди оваа ситуација со пријателска расправија.
Тоа е како кога разговарате со пријател, но тој постојано се навраќа на некоја расправија што се случила одамна. Така е и во животот на државата. Мора да гледате напред, но во исто време е непристојно да му го кажувате тоа на вашиот пријател и на луѓето. Не сум тука да велам: „Заборавете на тоа“. Ако не е заборавено, тогаш веројатно има причина, сликовито опиша американскиот дипломат во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…