Американскиот амбасадор во Србија: Можна е ескалација на тензиите на Косово!

t

САД се согласуваат со Европската унија дека неодамнешните настани во односите меѓу Косово и Србија го загрозуваат важниот напредок постигнат во дијалогот со посредство на ЕУ, изјави американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил.

„Повлекувањето на Србите од институциите на Косово не е решение за актуелните спорови и има потенцијал дополнително да ги ескалира тензиите на теренот. Затоа, Соединетите Американски Држави се приклучуваат на ЕУ и ги повикуваат претставниците на Србија и косовските Срби да ги почитуваат своите обврски од дијалогот и да се вратат на нивните должности во косовските институции, вклучително и полицијата, судството и локалната администрација“, рече Хил за Н1.

Тој рече дека САД се приклучуваат кон ЕУ и ги повикуваат косовските власти без одлагање да ги исполнат своите обврски, што значи дека процесот за пререгистрација на возила треба веднаш да се продолжи и сите казнени мерки против сопствениците на табличките КМ да бидат суспендирани додека страните во рамки на дијалогот не го решават прашањето за регистарските таблички.

„Ова значи и веднаш отпочнување на преговори за формирање Заедница на српски општини, што е обврзувачка законска обврска за Косово. Постојаното неуспех на Косово да ја спроведе оваа обврска го поткопува принципот на владеење на правото и му штети на угледот и кредибилитетот на Косово“, рече Хил.

Тој ги повика двете страни да го „изберат патот на дијалогот и да се воздржат од дејствија кои би доведоа до насилство и конфронтација“.

САД целосно ги поддржуваат напорите на ЕУ да продолжи да посредува во преговорите.

„Двете страни треба да покажат дека се подготвени да бараат решенија на конструктивен начин и да ги почитуваат обврските преземени во дијалогот со посредство на ЕУ“, рече Хил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…