Американскиот Конгрес го забрани “ТикТок” на сите уреди во сопственост на Претставничкиот дом: Бил закана за безбедноста
Администрацијата на американскиот Конгрес денеска ја забрани употребата на популарната кинеска видео апликација „ТикТок” на сите уреди во сопственост на Претставничкиот дом на САД, соопшти администрацијата на Конгресот.
Одлуката е донесена пред да стапи во сила законот за забрана на користење на оваа апликација на уредите на американската влада, што се очекува наскоро.
„Апликацијата Тик-Ток се смета за висок ризик поради голем број безбедносни прашања и мора да биде отстранета од сите уреди со кои управува Претставничкиот дом”, напиша шефот на административниот оддел во пораката испратена до сите пратеници.
Почнувајќи од минатата недела, најмалку 19 држави делумно го блокираа ТикТок на уредите што ги користат владините претставници поради загриженоста дека кинеската влада може да ја користи апликацијата за следење на Американците и цензурирање на содржината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…