Објавено на:

Американскиот Конгрес усвои објавување на истражните досиеја на Џефри Епштајн

t

Американскиот Конгрес денеска ја усвои одлуката за наредба на Министерството за правда да се објават сите истражни досиеја поврзани со починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн.

За усвојување на наредбата гласаа 427 пратеници, додека против беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана.

Следен чекор е гласањето во Сенатот, а доколку тамошното мнозинство ја изгласа, наредбата ќе треба да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп. Претседателот претходно најави дека ќе ја потпише наредбата, иако има овластување да му наложи на Министерството за правда да ги објави документите и без гласање.

Минатата недела, американските демократи во Претставничкиот дом објавија над 20.000 документи од архивата на Епштајн. Тој во 2019 година изврши самоубиство додека беше во притвор по апсењето за сексуални злосторства. Негова поранешна партнерка, Гислејн Максвел, моментално служи 20-годишна казна затвор за сексуална трговија со деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…