Американскиот министер за одбрана позитивен на коронвирусот и по третата доза

t

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во неделата објави дека е позитивен на Covid-19 и дека има благи симптоми, но дека ќе ги задржи сите овластувања додека е во карантин во својот дом следните пет дена.

Во соопштението за јавноста Остин наведува дека побарал да биде тестиран претходно во неделата откако забележал симптоми додека се одмарал дома.

Моите симптоми се благи и ги следам упатствата на мојот лекар. Во мерка во којашто тоа е можно, планирaм виртуелно да бидам присутен следнава седмица на клучните состаноци и дискусии. Ќе ги задржам сите овластувања. Заменичката министер Кетлин Хилс ќе ме застапува по потреба по други прашања, додава Остин во соопштението.

Министерот за одбрана на САД уште посочува дека во карантин ќе биде следните пет дена според насоките на американскиот Центар за превенција и контрола на болестите (CDC).

Неговото министерство објави дека Остин бил целосно вакциниран, како и дека во октомври ја примил и третата „бустер“ доза.

Остин последен пат се видел со претседателот Џо Бајден на 21-ви декември, повеќе од една седмица пред да почне да ги чувствува симптомите и истото утро кога бил позитивен на тестот, додава.

Бројот на новозаразените со коронавирусот во САД од неодамна е во остар раст, за што вината се става на ширењето на новата омикрон варијанта, за која постојат сомневања дека е позаразна, но научниците сѐ уште не го потврдуваат тоа. Во просек, американските здравствени власти во земјата со 330 милиони жители бележеле околу 300.000 нови случаи на заразата секој ден во последните седум дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американски милијардер: Украина ќе доживее крах –…

Американскиот милијардер Дејвид Сакс, по усвојувањето во…

Вучиќ: Американски компании ќе градат големи проекти…

Имаме големи економски проекти, американските компании градат…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…