Американскиот министер за финансии ја обвини Украина за високите цени на нафтата: „Се соочуваме со енергетски шок“
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека светот се соочува со енергетски шок, а за растот на цените на нафтата ги обвини украинските напади врз руските енергетски објекти.
Во интервју за „Фокс њуз“, Бесент рече дека нападите врз руските рафинерии создаваат дополнителен притисок врз цените на нафтата на светскиот пазар. Тој истовремено изрази очекување дека конфликтот во Иран наскоро ќе заврши, по што, според него, би требало да следува пад на цените на горивата.
Неговите изјави предизвикаа реакции на социјалните мрежи, особено поради оценките дека главниот извор на нарушувањата на глобалниот енергетски пазар во моментов е кризата околу Ормускиот Теснец.
Руската нафта и нафтените деривати веќе со години се под западни санкции, а трговијата со нив во голем дел е пренасочена кон азиските пазари. Нападите со украински беспилотни летала врз руските рафинерии, пак, првенствено влијаат врз внатрешното снабдување на Русија.
Од друга страна, блокадата на Ормускиот Теснец има директно влијание врз глобалното снабдување со нафта. Низ овој теснец минува околу една петтина од светската нафта, поради што прекинот на транспортот создава страв од недостиг и дополнителен притисок врз цените.
Бесент очекува завршувањето на конфликтот во Иран да донесе стабилизација на енергетските пазари и намалување на цените на горивата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…