Објавено на:

Американскиот сенатор Велч: Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија

t

Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, оцени демократскиот сенатор од Вермонт, Питер Велч, коментирајќи ги претседателските претседателските избори што вчера се одржаа во земјава.

Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Северна Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа „Х“.

Минатиот месец, Велч, заедно со демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин, и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис, спонзорираа најнова резолуција во Сенатот, со која САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија.

Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со земјава, без дополнителни билатерални услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Историјата покажала дека само со СДСМ…

На вечерашниот митинг одржан во Македонски Брод,…

(Видео) Мачна сторија: 98-годишна Украинка пеш, во…

Лидија Ломиковска (98) се споила со семејството…

Единствената Авганистанка во дипломатска служба шверцувала 25…

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи,…

Добри вести: Во Каиро почнаа преговорите за…

Во Каиро почнаа преговорите за прекин на…

Четири лица се тепале на паркинг простор

На 03.05.2024 во 11:50 часот во СВР…