АМЕРИКАНСКИОТ ЦДЦ КОНЕЧНО СО ИЗВЕШТАЈ ЗЕ БЕЗБЕДНОСТА: Ковид вакцините предизвикале над 770 различни сериозни несакани реакции – прво на удар здравјето на срцето

t

ВАЕРС анализата за безбедносните сигнали на Центарот за контрола и превенција на болести ЦДЦ базирана на извештаи од 14 декември, 2020 – 29 јули, 2022 за мРНА вакцините против КОВИД-19 покажува јасни безбедносни сигнали за смртност и низа на многу загрижувачки тромбоемболиски, срцеви, невролошки, хеморагиски, имунолошко-системски и менструални несакани ефекти меѓу возрасното население во САД.

Евидентирани се 770 различни типови на несакани ефекти кои покажувале безбедносни сигнали на возраст од над 18 години од кои повеќе од 500 (или две третини) имале посилен сигурносен сигнал од миокардитис/перикардитис. 

Анализата на ЦДЦ покажува дека бројот на сериозни несакани реакции пријавени за помалку од две години за мРНА ковид вакцините е 5,5 пати поголем од сите сериозни извештаи за вакцини дадени кај возрасни лица во САД од 2009 година (~73,000 наспроти ~13,000).

Двојно повеќе извештаи за мРНА ковид вакцината се класифицирани како сериозни во споредба со сите останати кои им се давани на возрасни лица (11% во однос на 5,5%). Ова ја задоволува дефиницијата на ЦДЦ за безбедносен сигнал.

Постојат 96 безбедносни сигнали за деца на возраст од 12 до 17 години, кои вклучуваат миокардитис, перикардитис, Белова парализа, генитални улцерации, висок крвен притисок и срцебиење, ментруални неправилности, белодорбна емболија, срцеви аритмии, тромбоза, перикарден и плеврален излив, воспаление и пукање на слепо црево, имунолошка тромбоцитопенија, болка во градите, зголемени нивоа на тропонин, престој на интензивна нега и примање антикоагулантна терапија.

Постојат 66 безбедносни сигнали за деца од 5 до 11 години, кои вклучуваат: миокардитис, перикардитис, вентрикуларна дисфункција и инсуфициенција на срцевите залистоци, перикарден и плеврален излив, болка во градите, воспаление на слепо црево и апендектомии, Кавасаки болест, менструални нарушувања, витилиго и продор на вакцинална инфекција.

Безбедносните сигнали не можат да се отфрлат поради “стимулиран“, претеран, лажен или на некој друг начин надуен извештај, ниту можат да се отфрлат поради огромниот број на примени вакцини против КОВИД-19. Постојат неколку причини зошто, но наједноставниот е овој: анализата на безбедносните сигнали не зависи од бројот на пријави, туку од тоа дали некои несакани реакции се пријавени во повисока стапка за овие вакцини отколку за други вакцини кои не се против КОВИД-19. 

Останува отворено прашањето зошто ЦДЦ чекал повеќе од една година пред да ја направи својата прва анализа на ВАЕРС безбедносните сигнали и покрај тоа што во докумнетот објавен на неговата веб страба стои дека ќе започне на почетокот на 2021 година, особено шти ВАЕРС се рекламира како ран предупредувачки систем на безбедноста на вакцините. И зошто цело време се говореше и инсистираше дека вакцините против ковид се подложни на најстрог безбедносен надзор што светот некогаш го видел. 

Анализата што ЦДЦ требал да ја направи користи она што се нарекува пропорционален сооднос на известување (ПРР). Ова е вид на анализа на несразмерност која вообичаено се користи во фармаковигеланцата (што значи следење на несаканите појави откако лековите/вакцините ќе излезат на пазарот). Основната идеја на анализата на несразмерност е да се земе нов лек и да се спореди со еден или повеќе постоечки лекови кои општо се сметаат за безбедни. Се бара непропорционалност во бројот на несакани појави пријавени за одредни нуспојави во однос на вкупниот број на пријавени нуспојави (со оглед дека општо не се знае колку луѓе земаат одреден лек). Потоа се споредува со постоечките лекови кои се сметаат за безбедни за да се види дали постои поголем процент на одредени несакани реакции пријавени за новиот лек во споредба со постоечките. 

Постојат многу начини да се направи анализа на диспропорционалност. ПРР е еден од најстарите. ПРР се пресметува со земање на бројот на извештаи за даден несакан настан поделен со вкупниот број на настани пријавени за новата вакцина или вкупниот број на пријави. Потоа го дели тоа со истиот сооднос за еден или повеќе постоечки лекови/вакцини кои се сметаат за безбедни. Еве едноставна формула:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…

Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…

Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…

Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…

Политички аналитичари: Израел падна од високо, Xамаc…

Политичкиот експерт Фахми Хуваиди рече дека прифаќањето…

Ди Цајт: Победа на Русија ќе значи…

Русија не треба да ја добие војната…

„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…