Американските разузнавачи го информирале Трамп за заканите за атентат од Иран
Врвните функционери на американската разузнавачка заедница го информирале републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп за заканите за атентат од Иран, изјави портпаролот на кампањата на Трамп.
– Претседателот Трамп претходно беше информиран од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за реални и конкретни закани за атентат од Иран во обид да ги дестабилизира САД и да предизвика хаос – изјави портпаролот Стивен Чеунг, а пренесува NBC News.
Се додава дека претставниците на разузнавањето заклучиле дека овие постојани и координирани напади се зголемиле во текот на изминатите неколку месеци и дека официјални лица од сите агенции работат на тоа Трамп да биде заштитен и претседателските избори да бидат слободни и спроведени без мешање.
Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации во Њујорк не одговори веднаш на барањето за коментар на оваа информација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…
Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…
Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…