Американските сенатори со договор за усвојување построг закон за оружје
Група американски сенатори од двете партии постигнаа договор за нов закон со кој се воведува построга контрола врз купувањето и поседувањето оружје, што значи дека Сенатот потенцијално би можел да го усвои до крајот на неделата.
Група сенатори почна да подготвува построги прописи по масакрите во Бафало и Тексас. Тој предлог-закон го поддржаа 14 републиканци, 48 демократи и двајца независни сенатори, така што има доволно мнозинство да го помине процедуралниот дел и да се стави на гласање.
Иако предлог-законот не ги содржи сите ограничувања што би сакале демократите, како забрана за продажба на автоматско оружје, договорот со републиканците за ова прашање е историски.
Законот предвидува потемелни безбедносни проверки за најмладите купувачи на оружје, построги услови за трговците со оружје и повеќе пари за државите и локалните власти за подобрување на безбедноста на училиштата и лекување на проблеми со менталното здравје. Вкупната вредност на новиот законски предлог се проценува на околу 15 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…