Американските специјалци изведоа антитерористичка вежба во Сирија – има загинати цивили
Припадници на американската единица за специјални операции изведоа антитерористичка акција на северозападот на Сирија, како што соопшти Пентагон.
Повикувајќи се на локалното население, медиумите наведуваат дека во таа акција загинале неколку лица, меѓу кои и цивили.
Според АП, локалното население синоќешната акција во Идлиб ја опиша како најголема операција од октомври 2019 година, кога беше убиен лидерот на ДАЕШ (терористичка организација забранета во Русија), Абу Бакр ел Багдади.
Неименуван американски функционер изјавил дека имало најмалку една голема експлозија, како и дека еден од хеликоптерите бил разнесен на земја бидејќи имал механички проблеми.
Извештаите за жртви дојдоа веднаш откако портпаролот на Пентагон Џон Кирби потврди дека единиците за специјални операции на САД извршиле, како што рече, успешна антитерористичка мисија во Сирија.
Кирби додаде дека нема жртви меѓу американските сили и дека деталите ќе бидат соопштени подоцна.
Пентагон не прецизираше кој бил цел на оваа акција, како и дали некој од терористите или цивилите е убиен или повреден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…