Американските тајни служби добиле информации за наводен ирански план за атентат врз Трамп
Поради тоа американска тајна служба неодамна ги зголемила безбедносните мерки за заштита на Трамп.
Атентаторот од Батлер, Пенсилванија, кој во саботата пукаше врз Трамп, според актуелните сознанија на истрагата се смета дека делувал самостојно.
Ирански дипломати веднаш ги демантираа медиумските извештаи. „обвинувањата се без основа и злонамерни“, изјавил претставник на Техеран во ОН.
„Трамп е криминалец против кого се водат кривични постапки и кој мора да биде казнет на суд поради смртта на Касем Сулејмани“, истакнал иранскиот амбасадор.
Сулејмани беше командант на бригадите Кудс и на почетокот на 2020 година беше убиен во американски ракетен напад во близина на аеродромот Багдад во Ирак. Сулејмани важеше за една од најмоќните водечки фигури во иранскиот режим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…
Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…
Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…