Објавено на:

Американски медиуми: Бесент и Силуанов разговараа за можно решение за конфликтот во Украина

t

Министрите за финансии на Русија и Соединетите Американски Држави, Антон Силуанов и Скот Бесент, разговараа на маргините на состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г20 во американскиот град Ешевил, во Северна Каролина.

Како што јави американскиот телевизиски канал Си-Ен-Би-Си, Бесент и Силуанов разговарале за можно решение за конфликтот во Украина.

„Бесент штотуку се сретна со рускиот министер за финансии за да разговараат за мировниот план за Украина“, напиша на Х новинарката на CNBC, Меган Касела, повикувајќи се на претставник на американското министерство. Касела потоа објави и заедничка фотографија од Бесент и Силуанов од собирот во Ешевил.

Засега не се објавени детали од разговорот, ниту пак руското или американското Министерство за финансии објавија официјално соопштение за нивната средба. Како што наведува „Фокс бизнис“, Бесент за време на разговорот го застапувал мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп од 28 точки.

ТВ каналот NBC објави дека двајцата функционери разговарале и за економскиот раст, не наведувајќи кои конкретни теми биле на дневниот ред.

Официјален претставник на американското Министерство за финансии изјави за CNBC дека Бесент во текот на оваа недела во Ешевил би требало да одржи најмалку 11 билатерални состаноци со претставници на други земји. На листата се, меѓу другите, претставници на Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Канада, со кои администрацијата на Доналд Трамп во последно време имаше трговски спорови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…