Американски разузнавачи: Путин во април се лекуваше од карцином во четврт стадиум

t

Американските разузнавачи минатиот месец објавија голема проценка на ситуацијата во Русија, во која се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин во април се лекувал од рак во напредна фаза, пишува Њузвик.

Оваа информација наводно ја потврдиле тројца високи разузнавачи кои ги виделе извештаите. Додаваат и дека во март имало обид за атентат врз рускиот претседател. – Стисокот на Путин е силен, но веќе не е апсолутен – рекол еден од разузнавачите кој имал увид во извештаите.

Тој истакнува дека работите во Кремљ веќе не се мирни. Тројцата разузнавачи предупредија дека изолацијата на рускиот претседател им отежнува на американските разузнавачи попрецизно да го проценат статусот и здравјето на Путин.

Инаку, од почетокот на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари, се шпекулира за здравствената состојба на Путин. Бројни медиуми објавија дека рускиот претседател е смртоносен болен, пренесуваат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…