Американското оружје се продава „како алва“
Продажбата на американско оружје во странство драстично порасна минатата година поради војната во Украина и достигна рекордни 238 милијарди долари, јавува BBC.
Американската влада директно преговарала за продажба на оружје во вредност од 81 милијарда долари, што е зголемување од 56 отсто во споредба со 2022 година, потврди Стејт департментот.
Останатотот е директна продажба на американски воени компании на странски земји.
Полска, која моментално сака да ги прошири своите воени капацитети, е меѓу најголемите купувачи на американско оружје. Полска купила хеликоптери Апачи за 12 милијарди долари и платила 10 милијарди долари за ракетни системи со голема подвижност (Химарс) и 3,75 милијарди долари за тенкови М1А1 Абрамс, се наведува во фискалниот извештај на американската влада. Полска исто така потроши 4 милијарди долари за интегрирани командни системи за воздушна и ракетна одбрана.
Се вели дека Германија потрошила 8,5 милијарди долари за хеликоптери Чинук, Бугарија платила 1,5 милијарди долари за оклопни возила „Страјкер“, Норвешка купила хеликоптери за повеќе мисии во вредност од 1 милијарда долари, а Чешка купила Ф-35 и муниција во вредност од 6,6 милијарди долари.
„Трансферот на оружје и одбранбената трговија се важни алатки на надворешната политика на САД со потенцијални долгорочни импликации за регионалната и глобалната безбедност“, се вели во годишниот извештај на Стејт департментот.
Продажбата на американско оружје е зголемена бидејќи многу земји се откажаа од руското оружје, иако Русија со децении е втор најголем продавач на оружје по САД, изјави шефот на Одделот за трговија со оружје, пренесе BBC.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…