Објавено на:

Американците водат војна против Трамп? Аракчи: Разузнавачките податоци укажуваат на обиди за манипулација со енергетските пазари

t

Разузнавачките податоци од Иран укажуваат на значителни обиди за манипулација со енергетските пазари, при што одредени делови од американската влада користат наивни медиуми за да влијаат врз цените заради лична корист и да го задржат претседателот на САД во „живата кал на изгубената војна“, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас Аракчи.

– Актери блиски до Израел исто така се залагаат за војна, изнесувајќи претерано оптимистички проценки. Потрошувачите во САД ги чувствуваат вистинските последици – напиша тој во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Аракчи претходно ги повика генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, Советот за безбедност и земјите-членки на ОН да ги осудат американските „еднострани принудни мерки и секундарни санкции против Иран“, кои тој ги нарече „економски тероризам“.

Во писмото упатено до Гутереш во четвртокот, Аракчи наведе дека Вашингтон на 24 август ја објавил „Операцијата за економска изолација“; според него, целта на оваа операција е да се прекинат легитимните економски односи со Иран и да се принудат другите држави да ги променат своите трговски врски, пренесе агенцијата „Тасним“.

Аракчи оцени дека заканата од секундарни санкции и исклучување од американскиот финансиски систем претставува обид за „екстратериторијално проширување на американското законодавство и надворешната политика“ и е спротивна на принципот на суверена еднаквост на државите, вграден во Повелбата на ОН.

Тој исто така изјави дека американските мерки им штетат на цивилите преку ускратување на пристапот до храна, лекови, медицинска опрема, енергија и други основни потреби – постапки кои, како што истакна, влијаат врз правата на живот, здравје, храна и соодветен животен стандард.

Во писмото, Иран ги повика земјите-членки на ОН да ги осудат и отфрлат едностраните принудни мерки и американските секундарни санкции, да се воздржат од нивно признавање или спроведување и да побараат од Вашингтон да престане со заканите и мерките што се користат – како што тврди Техеран – за вршење притисок врз трети земји.

Тој изјави дека Иран го задржува правото да ги искористи сите достапни правни механизми за утврдување одговорност, барање отштета за претрпената штета и добивање правна сатисфакција, како и дека ќе ги повика на одговорност страните за последиците од она што тој го опиша како нехумани и незаконски постапки на САД.

Аракчи исто така побара неговото писмо да биде дистрибуирано како официјален документ на Советот за безбедност на ОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американците водат војна против Трамп? Аракчи: Разузнавачките…

Разузнавачките податоци од Иран укажуваат на значителни…

Пожарот на Пелистер е ставен под контрола,…

Пожарот што попладнево избувна во Преспа и…

„Сакате граѓанска војна? Ќе ја добиете“: Мајката…

Татјана Стерхова, мајката на еден од руските…

„Билд“: Шест сценарија по кои Русија би…

Тенкови на границата, ракети на небото, војски…

Катастрофата во Непал е предупредување и за…

Катастрофалната поплава во Непал го отвори прашањето…