Америка бара Србија да се откаже од рускиот гас
Американските власти ја повикуваат Србија да бара алтернатива за рускиот гас и, според Вашингтон, да покаже напредок во таа насока, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар, говорејќи во еден од поткомитетите за надворешни работи на Сенатот на САД.
„Влијанието на Русија и Кина врз Западен Балкан е злонамерно“, тврди Ескобар.
„Што се однесува до енергетската безбедност, ја повикуваме Србија да разгледа алтернативи за рускиот гас, вклучувајќи обновливи извори на енергија и течен природен гас. Постигнавме одреден напредок во тоа“, продолжи американскиот функционер.
„Прашањето на зависноста од руската енергија не е проблем само за Западен Балкан, тоа е проблем за голем дел од Европа. Има дополнителен проблем во ситуацијата со Балканот: тие се во голема мера зависни од енергијата на јаглен. Tие имаат сеопфатна стратегија за енергетска безбедност.„Ние сме блиску до ослободување на некои земји од целосна зависност од рускиот гас. Ќе додадам дека има огромни можности за американските компании во овој процес“, рече Ескобар за време на сослушувањето.
Москва повеќепати изјави дека никогаш не користел енергија како инструмент за притисок.
„Што се однесува до политичкото влијание (на Русија), Србија беше повеќе ориентирана кон надворешната политика на ЕУ во последната година, што вклучува непризнавање на Крим. Значи, напредуваме во таа насока“, рече Ескобар.
Зборувајќи општо за Западен Балкан, тој тврди дека Русија се обидува да создаде ранливи места во евроатлантската област.
„Тие најдоа партнери во некои земји кои се подготвени да помогнат во унапредувањето на овие цели за да се сврти вниманието од други прашања, вклучително и Русија и Украина“, рече заменик-помошникот државен секретар на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…