Објавено на:

Америка би можела да го добие првиот муслимански сенатор: Абдул ел Сајед прогласи победа во Мичиген

t

Демократскиот кандидат за сенатор од Мичиген, Абдул ел Сајед, прогласи победа на изборите одржани на 3 ноември во САД. Доколку и официјалните резултати го потврдат исходот, тој ќе стане првиот муслиман избран во американскиот Сенат.

„Мичиген, успеавме“, им порача Ел Сајед на своите поддржувачи во таа американска сојузна држава, истакнувајќи дека е горд и почестен што е избран да ги претставува како сенатор, пренесуваат медиумите.

„Ми ја доверивте поддршката и покрај тоа што бев кандидат од кого најмалку се очекуваше победа. Ви благодарам. Ова е ваша победа. Ви благодарам за довербата, вербата и добрината. Сето тоа ќе го носам со себе и се надевам дека ќе донесам таков начин на раководење што целосно ќе ја оправда вашата доверба“, рече Ел Сајед.

Тој е роден во Мичиген, во семејство на родители кои биле египетски имигранти.

Ел Сајед изјави дека неговите противници сакале „Америка што е премала за некои од нас“.

„Ние знаеме дека Америка е доволно голема за сите нас“, порача тој.

Според податоците на американската платформа за следење на изборните резултати „Десижн Деск“ (Decision Desk), се очекува демократот Абдул ел Сајед да го победи републиканецот Мајк Роџерс во трката за сенатор од Мичиген и да стане првиот муслиман-Американец избран во горниот дом на Конгресот.

Ел Сајед, лекар и поранешен раководител на здравствените служби во Детроит и округот Вејн, освоил нешто повеќе од 50 отсто од гласовите, додека Роџерс добил повеќе од 47 отсто, според резултатите од досега преброените 52 отсто од гласовите.

За време на предизборната кампања, Ел Сајед беше една од главните мети на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп го нарече радикал и комунист и тврдеше дека мрази Евреи.

Трамп го поддржа републиканскиот кандидат Мајк Роџерс, додека Ел Сајед доби поддршка од поранешниот американски претседател Барак Обама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка би можела да го добие првиот…

Демократскиот кандидат за сенатор од Мичиген, Абдул…

(Видео) Дете загина во торнадо во Мичиген,…

2-годишно момче загина, а неговата мајка е…

Мичиген ја укина прокламацијата за славење на…

Гувернерката на американската сојузна држава Мичиген, Гречен Витмер, ја…

Мичиген го прогласи септември за месец на…

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи…