Америка ги забрани новите кинески хуманоидни роботи — смета дека се закана за националната безбедност
Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) вчера објави забрана за хуманоидни роботи од Кина, оценувајќи дека технологијата претставува „неприфатлив ризик“ за националната безбедност на земјата. Одлуката доаѓа во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè поинтензивно се обидува да ја ограничи употребата на кинеска технологија во САД, пишува „Гардијан“.
ФЦЦ ги дефинира забранетите роботи како „напредни роботски уреди“, категорија што ги опфаќа хуманоидните роботи и четириножните роботи налик на животни.
„Напредните роботски уреди собираат податоци што злонамерни актери би можеле да ги искористат за надгледување на Американците, за зајакнување на способностите на странските разузнавачки служби или за далечинско преземање контрола врз роботите“, напишаа претставниците на ФЦЦ во процената на ризиците што ги носи оваа технологија.
Покрај хуманоидните роботи, ФЦЦ ги забрани и мрежно поврзаните инвертори, кои овозможуваат изворите на обновлива енергија и батериите да се приклучат на електроенергетските мрежи и на опремата во центрите за податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…