Објавено на:

Америка е способна да ги предаде пријателите за свои себични интереси

t

За лична корист, САД можат да ги изневерат оние со кои негувале пријателски односи и со кои соработувале, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Вашингтон е прагматичен во своите активности на меѓународната сцена, некаде утилитарен. Кога САД мислат дека нешто им одговара на нивните интереси, може до одреден степен да ги изневери сите оние со кои биле пријатели, соработувале и обезбедувале позиции во различни региони во светот“, изјави министерот за Канал 1.

Во таа насока, тој потсети на поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак.
„Кога беше уапсен, Вашингтон не мрдна со прст“, посочи Лавров.

Шефот на руската дипломатија го наведе и примерот со Авганистан.

„Погледнете што се случи во Авганистан. Има многу примери кога Американците се воделе исклучиво од нивните прагматични, како што велат луѓето, себични интереси “, истакна рускиот министер.

Сепак, Лавров нагласи дека Москва нема намера да остане во позиција каде што нејзината безбедност е нарушена.
„И ние имаме свои интереси, фактори и живот. Поучени од горчливо искуство, не сакаме да останеме во позиција каде што секојдневно ни се нарушува безбедноста“, рече тој.

Според него, Русија не негува илузии и сака добри, еднакви односи со САД и другите земји во светот, засновани на почит.
„Во Америка, политиката е скроена од голем број играчи. Таму има збунувачки систем кој често ги прави најважните прашања за глобалната безбедност и стабилност заложници на внатрепартиските игри, интересите на сенаторите на одредена држава. Секој закон може да биде оптоварен со измени кои немаат никаква врска со конкретно прашање. Тие се навикнати да живеат така. Но, на другите не им е полесно поради тоа“, истакна дипломатот.
Истовремено, Лавров рече дека Москва денеска ќе испрати барање до НАТО и ОБСЕ да го објасни своето толкување на обврската да не се зајакнува безбедноста на сметка на другите. Доколку немаат намера да го направат тоа, сакаме да објасниме зошто, вели дипломатот. Во таа насока, тој истакна дека одговорот на западните земји на барањето на руското Министерство за надворешни работи да објасни како тие ја толкуваат обврската преземена во рамките на ОБСЕ – ќе биде одлучувачки при формирањето на предлог до претседателот за понатамошни чекори .
„Ова ќе биде клучно прашање при дефинирањето на нашите понатамошни предлози, за кои ќе го информираме претседателот Владимир Путин“, додаде тој.
Русија ќе бара од Западот не само ветувања, туку и законски обврзувачки гаранции за нејзината безбедност, вели министерот.
„Сега знаеме колку вредат зборовите на Западот. Ние ќе бараме не само гаранции за политички обврски на хартија“, туку и правно обврзувачки гаранции кои ќе обезбедат безбедност на целиот европски континент со целосно, еднакво почитување на легитимните интереси на Руската Федерација“, објасни Лавров.
Според него, сега имаме сериозни проблеми токму поради тоа што Западот постапил невнимателно и неправедно кон руските интереси. Сепак, станавме помудри и велат дека се учи само од сопствените грешки, заклучи шефот на руската дипломатија.
Претходно беше објавено дека САД доставиле одговор до Русија за нејзините предлози за безбедносни гаранции.
На 17 декември 2021 година, Министерството за надворешни работи на Русија објави нацрт-договори со Соединетите Држави за безбедносни гаранции, како и договори за мерки за обезбедување на безбедноста на Русија и земјите-членки на Северноатлантската алијанса. Документот, меѓу другото, вклучува одредби за нераспоредување на ракети со среден и краток дострел во меѓусебен дострел, откажување од натамошното проширување на НАТО на сметка на поранешните советски републики и намалување на бројот на воени вежби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

Помошта за Украина ќе причека: Американскиот Конгрес…

Гласањето во американскиот Конгрес за помош за…

(Видео) Трамп: Лично ќе го предупредев Путин…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

Ултиматум на Бајден до Нетанјаху: Сменете ја…

Американскиот претседател Џо Бајден во текот на…

(Видео) Марџори Тејлор Грин: САД го туркаат…

Спонзорирајќи ја Украина и водејќи прокси-војна против…