Америка ќе ја освојува Европа со природниот гас: Ривалството со Русија уште посилно
Снабдувањето на Европа со енергенси се претвори во вистинска битка и натпревар меѓу американските производители со руски „Гаспром“. Се почестите вести за тоа дека американските извозни терминали работат со полн капацитет, ја потврдуваат оваа теза.
Европа останува најголемиот пазар за американскиот течен природен гас (ЛНГ) три месеци по ред. Според Ројтерс, податоците на Refinitiv сугерираат дека најголемиот дел од американскиот ЛНГ ќе продолжи да тече во Европа и овој месец, по декември и јануари, објави OILPRICE.com.
Според податоците на Refinitiv, најмалку 50 отсто од американскиот течен природен гас од почетокот на февруари е испорачан во Европа, со вкупна вредност од 3,56 милиони тони. Ова, покажуваат податоците, е слично на средномесечното ниво на увоз на ЛНГ од САД во Европа, во декември.
Не само во Европа туку и во Азија
Вкупниот американски извоз на ЛНГ работи со рекордни стапки благодарение на силната побарувачка не само од Европа, туку и од Азија. Според извештајот на Блумберг од почетокот на оваа недела, танкери со ЛНГ биле натоварени или закотвени на сите седум извозни терминали во земјата, со проток на природен гас во таканаречените „возови за претворање во течна состојба“ на рекордно високо ниво од 13,3 милијарди кубни метри дневно.
Извештајот вклучува проценки дека дури две третини од американскиот течен природен гас треба да биде испорачан во Европа.
-Волуменот во Европа останува исклучително силен, а САД играат клучна улога, изјави за Ројтерс аналитичарот на Кплер, Рид л’Ансон, додавајќи дека вкупниот број во февруари може да се приближи до рекордните количини на американски ЛНГ увезени во Европа, во текот на месец јануари.
Американскиот гас ја урива цената на рускиот
Извозот на ЛНГ од САД се зголемува на рекордни нивоа и се очекува да продолжи да расте паралелно со можноста за поголем извозен капацитет. Благодарение на зголемениот број американски проекти за извоз на ЛНГ кои стапуваат во употреба, до крајот на 2022 година, номиналниот капацитет на САД ќе се зголеми на 11,4 милијарди кубни стапки дневно и максималниот капацитет на 13,9 милијарди кубни стапки дневно во седум капацитети за извоз на ЛНГ и 44 „возови за претворање во течна состојба“ соопшти Управата за енергетски информации во декември. Доколку се исполнат овие американски проекции тоа ќе биде повеќе од капацитетите на Катар и на Австралија, кои сега важат за други два најголеми извозници на течен природен гас во светот.
Токму поради покачените квоти на извоз на американскиот течен природен гас во Европа, се урива цената на рускиот гас од Кавказ кој им се испорачува на европските коминтенти.
Како што пишуваше „Политика“ кон крајот на годината уште тогаш најмалку 30 американски танкери полни со течен природен гас (ЛНГ) пловеа кон Европа.
И додека најавениот прилив на американкиот ЛНГ донесува извесно олеснување внатре во ЕУ, кавгата со Русија не запира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…