Амнестијата на осудените од 27.април би ја поддржале и од ДУИ?

t

Повеќе политички партии, меѓу кои и најголемиот дел од парламентарните партии имаат позитивен став околу иницијативата за предлог-Закон за амнестија на луѓето осудени за настаните на 27.април која ја иницираа адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски-Стари.

Демократски Сојуз на Павле Трајанов, ГРОМ на Стевчо Јакимовски, ВМРО-ДПМНЕ и дел од останатите коалициски партнери на двете најголеми партии веќе изразиле подготвеност да го гласаат овој предлог за амнестија. Предлогот ќе го поддржи и Левица во Собранието.

Интересно е што и од ДУИ не ја отфрлаат иницијативата за амнестија на осудените за настаните од 27.април, напротив, повикуваат на средба со иницијаторите на која очекуваат предлогот да биде образложен.

Од ДУИ се уште го немаат разгледано предлогот, но, лидерот на оваа партија Али Ахмети неодамна изјави дека тој не се согласува со квалификацијата на делото ‘тероризам’ сметајќи дека е претерана ваквата квалификација на настананите.

Тероризам е претешка квалификација за обвинетите за 27 април. Тоа е најтешка квалификација, изјави уште во октомври 2018 година претседателот на ДУИ Али Ахмети во емисијата Клик плус на ТВ 21.

– Ахмети смета дека е неопходно интраетничко и меѓуетничко помирување. Тој вели дека обвинението за настаните од 27 април нема никаква врска со тероризам. Тоа не е тероризам. Луѓето реагираа емотивно, изјави тогаш Ахмети.

Од Мала Речица повикуваат „иницијаторите да остварат контакт со партијата и да го образложат предлогот. Вака, изгледа како провиден напор за вмешување во партиска политика.“ – велат од ДУИ за Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…