Амнести Интернешнал: Производителите на вакцини алчни за профит

t

Откако постојат вакцини против Ковид-19, болеста за многумина веќе не е толку страшна закана. Но, ова е претежно важи за богатите земји. Амнести смета дека големите фармацевтски компании сносат посебна одговорност. – Пишува Дојче Веле на Македонски јазик.

Организацијата за човекови права Амнести Интернешнал (АИ) ги обвинува производителите на вакцини за алчност за профит и повикува на многу побрза вакцинација на светската популација.

Фармацевтските компании „трагично не успеаја“ да одговорат на предизвикот за глобалната здравствена криза предизвикана од коронавирусот и покрај итните повици да се обезбеди еднаква дистрибуција на вакцините за Ковид-19, соопштија денеска од Амнести Интернешнал.

Според Амнести, фармацевтските компании кои ги продаваат вакцините против Ковид-19 ја монополизирале технологијата, лобирале против споделувањето на интелектуалната сопственост, наплатувале високи цени за вакцините и им даваа приоритет на набавките на богатите земји во 2021 година.

Десетте милијарди дози вакцини произведени минатата година ќе беа повеќе од доволно за да се достигне целта од 40 отсто за глобална вакцинација, која беше поставена од Светската здравствена организација (СЗО) за крајот на минатата година.

Само 4 насто од луѓето кои живеат во земји со ниски приходи биле целосно вакцинирани до крајот на минатата година.

„Повеќе од 1,2 милијарди луѓе во земјите со низок и понизок среден приход ќе можеа да бидат вакцинирани до крајот на 2021 година, доколку земјите со високи приходи и производителите на вакцини ги земеа при срце своите обврски и одговорностите за човековите права“, рече Рајат Косла, висок директор во Амнести Интернешнал за истражување, застапување и политика.

Претходно месецов, СЗО соопшти дека се потребни уште 16 милијарди за да им се помогне на земјите со ниски приходи да се справат со пандемијата.

Ова е големината на дупката во буџетот за снабдување на земјите со вакцини, тестови и со лекови преку програмата што ја започнаа Обединетите нации, соопшти СЗО.

Според новиот извештај на Амнести, додека Бионтек/Фајзер и Модерна оствариле огромна продажба, само два отсто од нивните дози на вакцини отишле во посиромашните земји. Кинеските компании Синовак и Синофарм испорачале само 0,4 отсто односно 1,5 отсто од своите вакцини во земјите со низок приход по глава на жител. Џонсон и Џонсон и АстраЗенека имаат подобри резултати во оваа евалуација, бидејќи се вели дека половина од нивните дози на вакцини отишле во земјите во развој. Многу од дозите, биле „донации“ од земји со високи приходи и не биле дел од договори за продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германец бил вакциниран против корона 217 пати

62-годишен маж од Германија, против лекарски совет,…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…

Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…