АМСМ: Зголемена фреквенција на возила надвор од населените места, летниот режим на сообраќај во сила до 31 август
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без поголеми проблеми, по суви коловози, но со зголемена фреквенција на возила надвор од населените места. Од македонска страна, на граничните премини нема подолги задржувања при влез и излез од државата, информира АМСМ.
Возачите се советуваат да ја приспособат брзината според условите, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде постои опасност од одрони. Зголемена внимателност е потребна на правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е и летниот режим на сообраќај, кој до 31 август предвидува забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони во одредени периоди за време на викендите, како и при екстремно високи температури.
За петок забраната важи од 17:00 до 22:00 часот, во сабота од 09:00 до 18:00 часот, а во недела од 09:00 до 22:00 часот. При екстремно високи температури, ограничувањето од понеделник до четврток е во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
Исклучок од забраната има за возила што превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, опасни материјали, како и за возила ангажирани на проекти на државните патишта.
На делницата Скопје – Охрид – Скопје од магистралниот пат А2, до 1 септември важи посебен режим за товарни возила над 7,5 тони. Забраната е активна во петок од 15:00 до 22:00 часот, во сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот, а во недела од 07:00 до 22:00 часот.
Според утринскиот извештај, има намалување на гужвите на наплатните станици и подобар проток на возила.
Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за возила до 3,5 тони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот не му го врати пасошот на…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…
Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…
Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…
Морничава кампања на бугарската држава: Се повикува…
Оваа кампања ја тераат бугарските ботови, финансирани,…
МВР и Обвинителството истражуваат како Ива Михајлова…
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство…
МНР го повика бугарскиот амбасадор поради пречекот…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…