Објавено на:

Амстердам им порача на Британците: Подалеку од градот ако доаѓате поради дрога и секс

t

Официјални лица во Амстердам ги предупредија британските туристи кои доаѓаат во холандската престолнина поради секс и дрога да се „држат настрана“ од градот преку дигитална кампања наменета за мажи на возраст од 18 до 35 години.

Кампањата наречена „Остани подалеку“ се спроведува во обид да се ослободи Амстердам од неговата репутација на „развратен“ град, како најлиберален главен град во Европа.

На видеата прикажани како дел од кампањата, може да се видат млади мажи како се тетерават на улица, додека полицијата им става лисици на рацете и им зема отпечатоци од прсти и ги фотографира, пренесува Би-Би-Си. Онлајн рекламите ги истакнуваат ризиците поврзани со прекумерната употреба на дрога и пијалоци во Амстердам.

Пораката е дека долгиот викенд во Амстердам може да создаде „погрешен вид спомени“ и дека бегството кое посетителите го посакуваат во главниот град на земјата може да резултира со судски пресуди.

Туристичките агенции со седиште во Обединетото Кралство нудат викенд-тури во Амстердам, кои вклучуваат крстарења со брод по каналот со бесплатни неограничени пијалоци и стриптиз во пабот Red Lantern.

Со години луѓето се жалат дека пијаните Британци уринираат во јавност, повраќаат во одводи, се соблекуваат и влегуваат во тепачки во пијана состојба.

Пред речиси една деценија, тогашниот градоначалник на Амстердам, Еберхард ван дер Лан, го покани својот лондонски колега Борис Џонсон, кој го опиша градот како „лигав“, за да види сам што прават Британците.

„Тие не носат капути додека сe движат низ округот на Црвените фенери, пеејќи „You’ll never walk alone’, вели Еберхард ван дер Лан. Тие се облечени како зајаци или свештеници, а понекогаш и воопшто не се облечени. Би сакал да го поканам да ги види“, изјави тогаш Еберхард ван дер Лаан.

Критичарите тврдат дека кампањата е дискриминаторска и заснована на „нефер стереотипи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…