АНБ: Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека лицата инволвирани во обидот за опожарување на синагогата во Скопје биле дел од радикална групација со воспоставена логистичка мрежа. Според истрагата, оваа група идеолошки е поврзана со глобалната терористичка мрежа на Исламска држава (ИДИЛ).
Оперативните податоци укажуваат дека членовите на групата почнале да преземаат насилни и криминални активности на почетокот на април, веднаш по јавниот повик упатен од страна на Исламска држава,
Според неофицијални информации од добро упатени извори, станува збор за лица кои живеат во скопската населба Скопје Север. АНБ, во рамките на своите надлежности, спроведе низа оперативно-технички и аналитички активности за да ги идентификува мотивите и директните извршители на нападот врз објектот на Еврејската заедница.
Во координирана акција спроведена на 30 април, во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК) и Министерството за внатрешни работи (МВР), беа извршени претреси на повеќе објекти во Скопје. Резултатите од акцијата вклучуваат:
Лишување од слобода на лица за кои постојат индиции дека се директни извршители или дел од логистичката поддршка.
Елиминирање на заканите за понатамошни терористички активности на групацијата.
Од Агенцијата за национална безбедност нагласуваат дека остануваат посветени на превентивното делување. Нивниот фокус е насочен кон навремено откривање и спречување на сите ризици и закани по безбедноста на државата преку блиска соработка со останатиот безбедносен сектор во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…