АНБ: Разбиена мрежа на псевдо-портали преку кои се ширеле лажни вести, дезинформации и проруска пропагандна
Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси, информираат од АНБ.
Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор.
Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење.
Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост.
Наведените активности се континуитет на претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за КД „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ.
Агенцијата во рамки на своите надлежности ќе продолжи да презема активности во насока на детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваатстратешките евро-интегративни процеси на земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 600 затвореници во Велика Британија…
Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници…
(Видео) Еден полицаец загина, а друг е…
Еден полицаец загина, а друг е тешко…
34 годишник од струмичко село – се…
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство…
Преспа ќе добие мрежа од 188 километри…
Преспанскиот Регион ќе добие нова туристичка инфраструктура…
НБ: Од денес достапни електронското и мобилното…
Народната банка продолжува со постепено олеснување на…