АНБ ќе има нов директор, а Димовски ќе биде сменет и испратен за амбасадор во Франција

t

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, ќе биде променет. Но, не поради скандалот со издавање на државјанство на Украинецот Александар Онишченко, туку поради тоа што Димовски треба да биде амбасадор на Македонија во Франција.

Премиерот Димитар Ковачевски најави нов директор за 24 дена.

„Државјанството беше доделено по четири позитивни мислења. Побарав извештај по спроведена анализа согласно процедурите на АНБ и директорот да даде извештај на затворена седница на Влада. Тоа ќе се случи во текот на утрешниот ден. Одговорност мора да има, тоа е работа на анализа. Дали ќе имаме нов директор на АНБ, односно дали ќе има одговорност – да ќе имаме нов директор АНБ. Именување на нов директор на АНБ ќе има во новите 24 дена. Треба да биде професионалец, со долгогодишно искуство, треба да ги помине филтрите на стратешките партнери, треба да биде тоа усогласено, односно изборот со критериумите“, кажа Ковачевски.

Прашан дали промената на Димовски е поради скандалот, Ковачевски одговори: „Тоа е затоа што директорот е веќе со испратени агремани за амбасадор на Франција и е отпочната селекција“.

Онишченко добил македонско државјанство и покрај тоа што е на црна листа на САД. Нејасно е како ги минал безбедносните проверки во Македонија кои се прават за секој потенцијален кандидат за македонско државјанство.

Виктор Димовски, директор на АНБ во заминување, кажа дека виновен е службеник во АНБ кој не ја изготвил соодветно проверката.

Детали за ова, како и дали одговороста е кај службеникот – нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…