Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес-конференција на кризниот штаб во Гостивар информираше дека вчера и денеска во Гостивар донесени се 200.000 литри пакувана вода. Ангелов посочи дека станува збор за донации и од Министерството за локална самоуправа, и Општина Неготино. Покрај вода за пиење се работи и на обезбедување доволни количества техничка вода.
– По потреба можеме да обезбедиме дополнителна количина флаширана вода, онолку колку што е неопходно за граѓаните на Гостивар да имаат доволно вода за пиење. Денеска до граѓаните на Општина Гостивар е доставена се над 100 тони техничка вода, рече Ангелов.
Во изјавата, тој посочи дека за надминување на состојбата со водата за пиење во Гостивар ангажирани се 13 цистерни за вода и еден камион со резервоар за вода.
– Моментално во Гостивар има 8 цистерни, а уште пет пристигнуваат во секој момент, заедно со камионот со резервоар, рече Ангелов.
Тој ги кажа и распоредите за на терен:
– Болница Гостивар: цистерна со 5,5 тони техничка вода.
– Здравствен дом: цистерна со 2 тона техничка вода.
– Детска градинка: цистерна со 8 тони техничка вода
– ОВР Гостивар: цистерна со 6 тони техничка вода.
Наскоро, како што рече првиот човек на ЦУК, Ангелов, во Гостивар треба да дојдат и цистерни како испомош од други општини и АРМ.
– Неготино: 1 цистерна (6 тони)
– Кавадарци: 1 цистерна (6 тони)
– АРМ 2 цистерни (една од 10 тони и една од 6 тони)
– Дебар 1 цистерна (2 тона-со можност за носење и вода за пиење)
– Тетово: 1 цистерна (9 тони)
– Струга: 1 цистерна (12 тони)
– Охрид: 1 цистерна (6 тони)
– Скопје: 1 цистерна (10 тони)
– Кичево: 1 камион со резервоар (3 тони).
– Овие цистерни во договор со локалната самоуправа се распоредуваат онаму каде што е најпотребно. Водата за цистерните се полни од околните извори заради штедење на време, што овозможува нивно повеќекратно полнење и празнење во текот на денот, рече Стојанче Ангелов.
За состојбата и помошта која пристигнува во Гостивар зборуваше и градоначалникот Ваљбон Лимани кој појасни дека на состанокот на кризниот штаб биле каде што сите податоци беа донесени како препораки и заклучоци.
Тој напомна дека ЈП „Комуналец“ – Гостивар, во соработка и со помош од експертскиот тим од ЈП „Водовод и канализација“ од Град Скопје, веќе започнаа со активности сè со цел гостиварци што побрзо да имаат пристап првенствено до техничка вода, а набрзо и до вода за пиење.
– Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите општини, колеги градоначалници кои досега излегоа во пресрет, до сите општествено одговорни претпријатија, но исто така и до централната власт за сета оваа организација, со цел што побрзо да се нормализира состојбата во Општина Гостивар, рече Лимани.
На прес конференцијата зборуваше и Изет Меџити, потпретседател на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа).
– Тука сум со еден искрен, човечки пристап, целосно надвор од партиските, етничките, верските или кои било други определби. Во својство на потпретседател на ЗЕЛС. И, централната власт и локалната власт, но и самите општини веднаш изреагираа, сите придонесуваат на свој начин за нормализирање на состојбата во Гостивар. Сите сме ставени во функција да дадеме свој придонес и да помогнеме што побрзо да се нормализира состојбата во Гостивар, а граѓаните да добијат чиста вода за пиење. Тоа е главната цел, рече Меџити на прес конференцијата.
Тој напомена и искажа благодарност до сите кои помагаат, како што рече со техничка вода, некои со вода за пиење, некои со професионални услуги и експертиза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум граѓански организации бараат Владата да го…
Осум граѓански организации бараат од Владата итно…
Возач удрил 79-годишна жена и побегнал
Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена…
Предложен притвор за едно лице за избоденото…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Кремљ најави можна средба меѓу Путин, Трамп…
Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека…
Шефот на „Донауштал“ тврди: „Германија и Русија…
Германија и Русија се во војна, изјави…