Ангелов: Во Дрисла нема отворен оган, чадењето е делумно намалено, но сè уште присутно

t

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информира дека со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата „Дрисла“ од кој излегува чадење, површина голема приближно колку едно фудбалско игралиште.

„Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но сè уште присутно,“ изјави Ангелов од лице место.

Тој појасни дека двата земјени пристапни патишта, изградени вчера како насипи низ заезерената површина со отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичниот дел на депонијата.

Во моментов, според него, на терен работи оптимален број камиони, багери и булдожери, а бројот на механизацијата ќе се зголемува како што ќе се создаваат услови за тоа.

Во однос на дивата депонија „Вардариште“, Ангелов нагласи дека таму нема ниту горење, ниту чадење, но продолжува затрупувањето на критичниот канал каде што претходно беше активен пожар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…