Ангелов: Делумно е ставен под контрола пожарот кај Галичица

t

Делумно е ставен под контрола пожарот на Галичица, информира попладнево првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-На лице место дејствуваат повеќе од 120 лица, меѓу нив ренеџери од НП Галичица, локалните пожарникари, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување…, вклучително и доброволци граѓани за што посебно сме благодарни. Од страна на националните ресурси се употребени два хеликоптери, еден армиски и еден полициски, како и ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување, вели Ангелов.

Посочува дека сепак според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи за дожд во овој регион, останува надежта дека ќе бидат скратени маките во борбата со огнената стихија на Галичица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…

Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…

Трајанов: Сега е времето да ги бараме…

Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…