Ангелов: Добивме околу 450 пријави, паднати повеќе од 30 дрвја, оштетени дваесетина автомобили
Во периодот од 16 до 19 часот и 30 минути, се добиени околу 450 повици на бројот 112. Имаме паднато повеќе од 30 дрвја и неколку бандери, поточно дрво паднато врз возило во Бутел, при што две лица се здобиле со повреди. Едното лице с повреда на главата, а другото со повреда на раката и ногата. Немаме официјална информација колку се тешки повреди, лицата комуницирале, но на прв поглед не се работи за нешто посериозно, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов за последиците од големото невреме што го зафати Скопје.
Тој појасни дека имало случај и на падната бандера во населбата Маџари, при што жиците од бандерата паднале врз метална ограда и дошло до краток спој, но случајот е решен.
-Според првичните информации, повеќе од 20-тина возила се оштетени. Благодарение на ЈП „Паркови и зеленило“ дрвјата и бандерите веќе се отстранети од улиците. Во моментов ја правиме приоритетната листа за испумпување на вода од домови и објекти. Водата полека се повлекува, а дел од неа ќе биде испумпана, информира Ангелов за состојбата во главниот град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тажно е во Тажево, изгорени се…
Во селото Тажево се изорени неколку напуштени…
(Видео) Активни се осум пожари, огнот сѐ…
Од вкупно 13 пожари денеска изгасени се…
Гори во пола држава: Девет пожари се…
Во текот на 31.07/01.08.2024 година, имаме вкупно…
Три активни пожари во државата, 19 се…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Ангелов: Имам многу вработени, а малку работници
Расцепкан и децентрализиран систем ги пројавува најголемите…